За да разберете како автомобилот стигнал на ова место, потребни се фотографии од дрон

„Интересен“ инцидент се случил во чилеанскиот град Виња дел Мар. На една од стрмните улици во градот има многу остар и опасен свиок, што очигледно возачот на автомобилот не успеал да го совлада па полетал во воздух.

Причината за несреќата сè уште се разјаснува, но според локалниот весник Т13, возачот рекол дека сопирачките едноставно му откажале. Автомобилот ја пробил оградата покрај патот, а дел послужил и како отскочна даска. Следувал „скок“ од 38 метри и слетување на покривот од локалната спортска сала.

Интересно е што возачот и неговиот сопатник не се тешко повредени. Медиумите во градот потсетуваат дека ова не е прв ваков инцидент на ова место оваа година. Само пред еден месец, камион за смет го „промашил“ свиокот, а предниот дел висел во воздух.

За да покажат колку точно летал автомобилот во воздух, ентузијасти од Виња дел Мар со дрон снимиле видео од летот.