Во текот на викендов, во надворешниот дел на Скопје Сити Мол можеше да се погледне несекојдневна автомобилска изложба која опфаќа олдтајмери, но со призвук и кон електричната иднина

Ова Ауто Шоу, како што рекоа од организаторот, имаше за цел да послужи како своеивиден времеплов обединувајќи го минатото преку најстарите автентични олдтајмери, сегашноста – преку актуелната комерцијална понуда на автомобили на некои од автомобилските брендови и секако иднината која треба да биде електрична, особено преку ексклузивните модели на Tesla.

Сите љубители на автомобилската индустрија, но и сите кои уживаат во индустрискиот дизајн, како и следбениците на технологијата имаа можност да пропатуваат низ времето преку оваа изложба, а во внатрешноста на Скопје Сити Мол можеа да се погледнат и електрични велосипеди и тротинети.

„Ние секогаш ќе даваме дополнителна вредност на посетителите на Скопје Сити Мол, овозможувајќи несекојдневни изложби и искуства за нив. Ги следиме трендовите и исклучително ни е важно да придонесуваме за заштита на животната средина и токму поради тоа на почетокот на годината ги инсталиравме и првите полначи за електрични возила во паркингот на Скопје Сити Мол“, истакна Валентина Николовска, менаџер за комерцијализација во Скопје Сити Мол.

[useyourdrive dir=”1Pz9tP8lBBAuUI-Ve9y9EpSF3EHdC1hA2″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ previewinline=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]