Audi започнува нова кампања и го менува својот слоган
Vorsprung durch Technik, се чини нема да го среќаваме толку често
Онака како што Volkswagen го поедностави својот слоган и го замени Das Auto со името на марката, очигледно и Audi се свртува кон некои нови трендови. Машинскиот инженеринг одамна не е дел од мејнстримот, па така и слоганот на Audi се чини мораше да се промени на некој начин. Vorsprung останува, но по се изгледа дека нема да го среќаваме толку често. Доаѓа нов слоган кој гласи „Future is an attitude“ и кој станува дел од глобалната кампања.
Како потсетување, слоганот Vorsprung durch Technik или Напредок преку технологијата за прв пат е споменат во раните 1970-ти, а комерцијално се користи од средината на 1980-тите со доаѓањето на напредната трета генерација на Audi 80.