Германскиот премиум бренд е се поблизу до радикална одлука

Audi RS e-tron GT 2022

Така барем пишува угледниот Sueddeutsche Zeitung, наведувајќи дека Audi е подготвен во 2026 година да раскрсти со традиционалните автомобили во својата гама и потоа да нуди само возила со батерии. Уште повеќе, овде не станува збор само за елиминирање на термичките варијанти, туку и на сите хибридни изданија, така што би преживеале само EV моделите.

Сè уште нема официјални реакции од Audi на наводите од германскиот медиум, но од денешен поглед се чини дека ваквиот развој на настаните е малку нереален пред се затоа што групацијата Volkswagen треба да одобри таков потег, а трансформацијата треба да се оствари за само пет години. Ова е исклучително краток рок, особено затоа што веќе има најави за нови генерации на модели на Audi, како што е на пример А4, кои ќе продолжат да се нудат со SUS единици.

Само како потсетување дека шефот на Audi, Маркус Дисман, во март годинава изјави дека производителот повеќе нема да инвестира во создавање на нова генерација на SUS мотори. Тој исто така го критикуваше идниот стандард Еуро 7 во Европа, за кој рече дека ќе изврши огромен притисок врз термичките погонски единици, а придобивките за животната средина ќе бидат навистина мали.