Токму кога се мислеше дека деновите му се избројани, марката со четири прстени реши да го спаси својот компактен спортски автомобил и да му даде нов живот, но под поинаков пристап

Audi TT се спротивставува и ќе преживее реинкарниран како целосно електричен модел, но додека не дојде времето за електрична верзија, „Господарот на прстените“ сега слави 25 години од лансирањето на првата генерација на TT.

Повеќе од важна годишнина што ја прославува со специјално издание ограничено на само 100 примероци за цела Европа, кое ќе биде достапно во купе верзија со две врати.

Станува збор за Audi TT RS Coupe Iconic Edition, кој во европските салони ќе пристигне од почетокот на 2023 година. 

Во Соединетите Американски Држави, германската марка минатата година веќе понуди специјално издание еквивалентно на TT RS, Heritage Edition.

Audi TT RS Coupe Iconic Edition е претставен во уникатна комбинација на надворешност и внатрешност. Однадвор, спортскиот автомобил е обоен во „Audi Exclusive“ Nardo Grey боја, со украсни детали големи доводи за воздух на браникот од јаглеродни влакна, што е во контраст со сјајно црната решетка. Лесниот материјал го содржи и задниот спојлер, страничните нагиби и предниот сплитер. Печатот „Icon“ се наоѓа на фиксираниот заден прозорец.

Во внатрешноста, околината комбинира црна и жолта боја, со кожни и алкантара седишта со дијамантски шевови и украсни шевови, како и волан со соодветни ознаки „во 12 часот“. Спортските седишта ги имаат буквите RS извезени со жолт конец, а ексклузивниот звучен систем Bang & Olufsen е стандардна опрема.

Што се однесува до тоа што има под хаубата, нема нови вести. TT RS Coupe Iconic Edition го одржува недопрен моќниот 2.5-литарски 5-цилиндерски TFSI мотор со максимална моќност од 400 „грла“, кој на подлогата се пренесуваат преку погон на сите тркала со диференцијал Haldex – Quattro (не вистински Quattro како кај моделите со надолжно монтиран мотор ) и седумстепен автоматски со двојна спојка S tronic.