Новиот SUV на Audi е снимен за време на тестирање со минимална камуфлажа

Германскиот производител сакал да сокрие некои детали, па затоа ги покрил поголемиот дел од стоп светлата, кои веројатно се простираат по целата ширина на автомобилот, слично на концептот на овој автомобил од 2017 година.

Генерално, дизајнот на Audi Q8 во голема мера е инспириран од истоимениот концептен автомобил презентиран на саемот во Детроит во почетокот на минатата година.

2017 Audi Q8 Concept / 2017 Audi Q8 Sport Concept

Audi не го открива целосно ниту предниот дел на возилото, бидејќи тестниот примерок има делумно камуфлирани фарови и браник.

Audi Q8 во суштина е поспортска и полуксузна верзија на SUV моделот Q7, со купе линии и дизајн кој е помалку конзервативен, со цел да се привлече помладата, но финансиски помоќна популација.

Моторизацијата најверојатно ќе биде преземена од новиот Audi A8, а се претпоставува дека во врвот на понудата ќе има место за моќна RS верзија.

Премиерата на серискиот Audi Q8 се очекува во првата половина од 2018 година, а автомобилот треба да биде официјално претставен на некој од претстојните големи светски авто-салони.