Од Инголштад доаѓа најава за серија модели, кои го комбинираат бараниот концепт – електричен погон и SUV / Crossover издание

Audi Q6 e-tron, електричен SUV со средна големина, се очекува наесен, а првиот кој ќе биде изграден на специјализирана платформа за електричен погон PPE (Premium Platform Electric). Имено, за разлика од 4,90 m долгиот Audi e-tron SUV модел, изграден на класична платформа приспособена за електричен погон, MLB evo, Audi Q6 e-tron ќе користи платформа специјално направена и прилагодена за електричен погон.

Пакетот литиум-јонски батерии со капацитет од 71 kWh е вграден во подот изработен од ултра цврст челик UHTS, со засилувања од јаглероден композит. Носечката конструкција ќе биде изработена по истата формула, а вратата, хаубата и покривот ќе бидат изработени од алуминиум. Ова ќе обезбеди поголема цврстина со помала тежина и подобро искористување на просторот, а со тоа ќе се постигне подобра врска помеѓу капацитетот на батеријата и вкупната тежина и просторноста на кабината.

Опцијата ќе вклучува три енергетски пакети, до 350 kW, кои треба да обезбедат возбудливи перформанси, забрзување до 100 km/h за 5,8 секунди, максимална брзина од 200 km/h и опсег по WLTP циклус до 585 km. Дополнително, ќе се обезбеди поголема динамичност и подобри возни карактеристики од поголемиот и помасовен e-tron модел и секако подолг досег со едно полнење.