Audi офанзива во 2019: 11 нови или рестилизирани автомобили
По лансирањето на неколку нови модели на Парискиот автомобилски саем, Audi во 2019 година подготвува бројни изненадувања
На салонот во Париз Audi ја претстави новата генерација на A1 Sportback, Q3 и A6 Avant, а премиера имаа и сосема нови модели – Q8 и електричниот кросовер e-Tron.
Исто така, за прв пат на некој саем изложени беа и моделите SQ2 и редизајнираниот Audi TT.
Следната година ќе биде не помалку возбудлива за германскиот производител, бидејќи во план се 11 нови и рестилизирани модели.
Една од премиерите во 2019 година ќе биде новата генерација на Audi A3 Sportback, ривалот на Mercedes-Benz A-класата.
Сегашниот А4, Audi го рестилизираше изминатото лето, но овој автомобил сè уште не пристигнал во продажните салони, па затоа компанијата исто така го води како модел за 2019 година.
наредната година уште еден модел на Audi ќе доживее редизајн. Станува збор за SUV моделот Q7, кој ќе биде освежен на половина од животниот циклус на сегашната генерација, така што ќе биде подготвен за сериозен пазарен натпревар со новите Mercedes GLE и BMW X5.
По премиерите на Audi A6 и A6 Avant, рестилизацијата на семејството A6 ќе продолжи и во 2019 година со верзиите A6 Allroad, S6 и RS6 Avant. Последните два автомобили ќе добијат 2.9 TFSI V6 со 450 КС и 4.0 TFSI V8 со 605 КС.
Следната година, Audi ќе ги лансира и S7 Sportback и RS7 Sportback, исто така, со наведената моторизација.
Иако новиот RS5 Sportback е претставен оваа година, истиот во продажните салони ќе пристигне следната година, па затоа и тој се води како модел за 2019 година.
Последниот најавен нов Audi за 2019 година е e-Tron Sportback. Овој целосно електричен модел, базиран на концептот со истото име од 2017 година, е спортска варијанта на Audi e-Tron, која дебитираше во септември оваа година.