Дали најавата за новиот А6 преку краток видео клип објавен од Audi значи дека за премиера ќе треба да почекаме неколку дена или недели?

Се што се знае, всушност, стои во описот на видеото, а тоа е дека „Audi наскоро ќе го претстави новиот А6. Како дизајнерите и инженерите го рестилизирале овој успешен модел ќе видите во деновите што доаѓаат“.

Ова практично значи дека новата генерација на овој модел ќе имаме можност премиерно да ја видиме на салонот за автомобили во Женева на почетокот од следниот месес, што не значи дека нејзината официјална интернет премиера нема да се одржи дури и порано.

Според досегашните информации, новиот Audi A6 ќе има автономија од трето ниво, исто како и моделот A8, како и дигитална инструмент табла и два екрани, како и кај моделот A7 Sportback.

Новиот модел, исто така, ќе има напредни системи за асистенција на возачот, како и широк спектар на 6-цилиндерски погонски агрегати во кои спаѓа и 3-литарскиот V6 TFSI од моделот А7.

Откако ќе биде претставен, новиот Audi A6 ќе мора да се справи со конкуренцијата како Mercedes E-Class, BMW 5-Series, Jaguar XF и други седан автомобили премиум сегментот.