Германскиот автомобилски гигант Audi, најави концептен суперавтомобил со елегантна силуета и EV дизајнерска линија

Овој концепт се вика PB18 E-Tron, а го претставува местото и годината на презентација – Pebble Beach 2018. Поконкретно, Audi планира својот нов концепт на јавноста да го претстави на 23 август во Лагуна Сека, САД.

Силуетата укажува на елегантен и многу низок автомобил со акцент на задното крило видливо од двете страни на покривот. Концептот треба да потсети на тркачкиот LMP модел кој го освои Ле Ман со хибриден погон.