Моделите на Audi Q5, A6 и A7 со додаток TFSIe сега имаат поголема батерија, со што автоматски се зголемува и нивната автономија во EV режим на возење

Audi Q5 Sportback TFSI e

Новиот пакет батерии има вкупен капацитет од 17,9 kWh, од кои 14,4 kWh му се достапни на возачот. Резултатот е поголема автономија на движење кога се користи само електрична енергија за напојување на возилото. Според Audi, автономијата е зголемена на 91 километар според циклусот NEDC и на 73 километри според пореалниот протокол WLTP.

Германската марка истакнува дека димензиите на батериите останале исти. Покрај зголемувањето на капацитетот, сега батерискиот пакет сега може да се полни и на полнач до 7,4 kW, што во превод значи дека батеријата може да се наполни за околу два и пол часа.

Баварскиот производител лансираше и нов базен plug-in-хибриден A6 Avant 50 Quattro TFSIe. Новитетот на пазарот располага со 299 КС и 450 Nm.

Од Audi наведуваат дека овие возила имаат и нов режим на возење. Покрај EV, Auto и Hold, сега е достапен и режим Charge. Овој режим во суштина се користи при возење со SUS моторот и во исто време полнење на батеријата. 

За оние кои не им е познато, германската марка има голем број на plug-in хибриди во своето портфолио – A3, Q3 и Q3 Sportback, Q5 и Q5 Sportback, A6 (Sedan и Avant), A7 Sportback, Q7, Q8 и A8.