Audi им помага на возачите да избегнат чекање на семафори / ВИДЕО
Ако ве нервира застанување на црвеното светло, воопшто чекањето на семафори, Audi има решение
Веќе неколку години, германскиот производител развива технологија што ќе им овозможи на сопствениците на автомобили од овој бренд помалку да застануваат и да чекаат на семафорите.
Системот Green Light Optimized Speed Advisory (GLOSA) користи технологија за комуникција на возилата со семафорската сообраќајна инфраструктура, така што возачот во секое време на инструмент таблата има информации за тоа кое светло го чека на следните семафори, како и тоа по колку секунди светлосната сигнализација ќе се промени.
Ова е овозможено благодарение на таканаречената V2I (vehicle-to-infrastructure) технологија која овозможува комуникација во реално време помеѓу компјутерот во автомобилот и централниот систем кој се грижи за работата на семафорите во градот.
Возачот пред да наиде на семафор на екранот од таблата со инструменти или head-up дисплејот добива информации за тоа дали е вклучено црвеното светло и колку време ќе помине додека не се смени во зелено.
Според Audi, ова ќе овозможи возење со помалку стрес, но, исто така, и многу ќа помага на возачот да избегне било какво намалување на брзината за да запре на семафорот, и да помине низ раскрсницата кога ќе се вклучи зеленото светло.
Системот, исто така, добива информации за ограничувањата на брзината на делниците по кои се движи автомобилот, така што оваа варијабилна вредност е исто така вклучена во равенката.
Технологијата GLOSA започна да се користи во 2017 година, пред сè во Лас Вегас. Тогаш е понудена како опција за корисниците на некои нови модели на германскиот производител, а условот беше тие да се претплатат на Audi Connect Prime системот.
Во меѓувреме, полето на дејствување на GLOSA системот е проширено на повеќе од 4.700 раскрсници во неколку големи градови во САД, вклучувајќи ги и Далас, Денвер, Портланд, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Њујорк, Сан Франциско и Вашингтон.
Доплатата за Audi Connect Prime системот изнесува 199 долари за 6 месеци или 499 долати за период од 18 месеци, сега достапен за сопствениците на новите Audi A6, A7, A8 и В8, но само во САД.
Од Audi објаснуваат дека ова е само првиот чекор кон целосно автономно возење. Следниот чекор е поврзување со системот за навигација, со што компјутерот ќе може да му „каже“ на возачот по кој пат да се движи за избегнивање на семафори на кои премногу се чека.
На овој начин треба да се подобри и протокот на сообраќај, а ќе се намали и загадувањето на животната средина поради сообраќајните метежи во градовите.
Инаку, според податоците со кои располага германскиот производител, просечниот возач во САД троши речиси 300 часа годишно чекајќи во автомобилот на црвено светло.