Audi го електрифицира и Баерн
Компанијата изгради 21 станица за полнење на стадионот на германскиот шампион
Германскиот производител Audi и националниот фудбалски шампион Баерн инсталирале 21 станица за полнење на електрични возила на „Алијанц Арена“ во Минхен. Проектот предвидува инфраструктурата постепено да се проширува со можност за полнење на електрични возила и во други области на спортскиот комплекс.
Три од sвездите на Баерн – Лерој Сане, Мануел Нојер и Роберт Левандовски – позираат покрај една од станиците за полнење заедно со новиот Audi e-tron GT.
Соработката помеѓу Баерн и Audi во областа на електрификација и мобилност започна минатата година. Повеќето играчи од првиот тим и раководството веќе користат целосно електрични модели како што се Audi e-tron или Audi e-tron Sportback, а наскоро ќе биде достапен и првиот Audi e-tron GT.
Audi и Баерн веќе инсталираа 38 станици за полнење на тренинг базата на тимот кои на електричната мрежа беа приклучени на крајот од летото 2020 година, кога започна и сезоната во Бундеслигата. Потпирајќи се на електричните автомобили, фудбалскиот клуб ги намалил просечните нивоа на штетни емисии со возниот парк под 95 грама СО2/km.
Соработката помеѓу производителот на автомобили и најуспешниот германски фудбалски клуб започна во 2002 година. И 9 години подоцна, Audi стана и акционер во Баерн. Компанијата сега ја проширува својата инфраструктура на станици за полнење со помош на фудбалскиот клуб. Досега, Audi има изградено 220.000 терминали во вкупно 26 земји низ цела Европа.