Audi A6 кој се произведува и продава во Кина (исклучиво со продолжено меѓуоскино растојание) е малку поразличен од оној што го знаеме

На Авто Шангај 2021 своја премиера имаше неочекувана верзија на А6, бидејќи станува збор за чисто електричен модел. Се разбира, овој концепт не е класичен седан, туку Sportback кој потсетува на A5 и A7.

Пред нас е привлечен, елегантен „лифтбек“ со масивни 22-инчни тркала и чисти странични профили, за што придонесуваат камерите кои ги заменуваат ретровизорите и отсуството на рачки на вратите . Со должина од 4,96 метри, ширина 1,96 и висина од 1,44 метри, Audi A6 e-tron е сличен по големина на А7 Sportback.

Фасцинантните LED светла со тесна матрица доаѓаат во стилот на проектор, нешто што е веќе видено но во Audi отишле подалеку и развиле видео игра за смартфон, која се проектира на ѕидот пред автомобилот, наместо на централниот екран. Кога станува збор за задниот дел, концептот A6 e-tron усвоил широка светлосна лента со дигитални OLED елементи, слично на рестилизираниот Q5. Од Audi тврдат дека оваа технологија нуди „скоро неограничени прилагодливи варијации“ кога станува збор за светлосниот потпис, вклучително и „фенси“ 3Д просторни ефекти, присутни за прв пат на возило од Инголштад.

Концептот се заснова на архитектурата Premium Platform Electric, заеднички развиена од Audi и Porsche. Audi A6 e-tron и следната генерација на Macan ќе бидат првите производствени модели кои ќе ја користат платформата PPE од 2022 година. Во меѓувреме, A6 e-tron е дизајниран како електричен автомобил со два електромотори, испорачувајќи 476 КС (350 kW) ) и истовремен вртежен момент од 800 Nm, доволно за спринт до „стотка“ за помалку од четири секунди.

Концептот има импресивни спецификации, кои вклучуваат сè, од quattro погон до воздушна суспензија. Големата батерија од 100 kWh е поставена помеѓу осовините за оптимална дистрибуција на масата, и поддржува брзо полнење до 270 kW. Во превод, опсег до 300 километри за само 10 минути полнење, додека 5 до 80 проценти од капацитетот на батеријата може да се полнат за 25 минути.

Кога батеријата е целосно наполнета, A6 e-tron може да помине 700 километри (по WLTP). Овој импресивен опсег на движење се обезбедува не само од големата батерија, туку и од исклучително аеродинамичното тело, со коефициент на отпорност на воздухот 0,22. 

[useyourdrive dir=”1V8BxBvw1B1nffAmyufnSgzjH3K85WFaI” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Внатрешноста, за жал, се уште е непозната, но од Audi велат дека многу ќе може да се претпостави од моделите на платформата PPE кои ќе пристигнат следната година.