Aston Martin DBS GT Zagato и DB4 GT Zagato
Кога Aston Martin и Zagato ќе се здружат, автомобилската уметност е загарантирана
Соработката на Aston Martin и Zagato датира од многу одамна. Првите проекти потекнуваат од почетокот на педесеттите години на минатиот век, а најновиот може да биде и еден од најдобрите. Она што сега имаме можност да го видиме, ни дава појасна слика за идниот DBS GT Zagato и продолжениеto на класичниот DB4 GT Zagatо. И двата модели треба да влезат во производство за неколку месеци.
Новите рендери го откриваат DBS GT Zagato базиран на Superleggera, кој ја позајмил истата општа форма како и серскиот „близнак“, но со поизразена решетка на ладилникот, која може да го промени обликот, и зад се наоѓа голем, 5.2-литарски twin-turbo V12 . Претпоставките се 725 КС и 900 Nm. Дополнителните промени вклучуваат потенко куќиште за фаровите, подефинирана хауба и 20-инчни тркала.
За колку ексклузивен тандем станува збор може да се види од фактот дека ќе се произведат само 19 пара, од кои секој ќе чини 6 милиони фунти.