Шангајската стартап компанија Aiways сака да биде првиот кинески производител на автомобили кој ќе продава електрични возила во Европа

Презентацијата на Aiways на „Стариот континент“ беше на саемот во Женева оваа пролет со електричниот кросовер U5, кој сега ќе се рекламира на интересен начин.

Имено, кинеската компанија планира да ја помине најдолгата дистанца со еден електричен прототип – 14.231 километри со две U5 единици од Кина до Европа преку познатиот „Пат на свилата“. Како што е најавено од Aiways, патот ќе биде ригорозен тест за U5 и ќе покаже „лесно и едноставно“ го совладува.

Патот на моделот U5 започнува во средината на јули од Сиан, главниот град на централната кинеска провинција Шенјанг, а ќе заврши во септември во Европа.

Ова е голем предизвик за Кинезите, бидејќи ќе мора да преминат илјадници километри под различни климатски услови преку неколку земји кои немаат развиена инфраструктура на станици за полнење на EV.

U5 е SUV со средна големина, која според стандардот NEDC има автономија од 530 км помеѓу двете полнила, а Aiways тврди дека нуди премиум квалитет и високи стандарди за безбедност.

Aiways тврди дека батеријата од 65 kWh за половина час може да се наполни од 30-80 отсто, а дополнителниот батериски пакет обезбедува уште 120 километри автономија.

Моќта на електричниот мотор е 190 КС со 315 Nm вртежен момент, а димензиите на возилото се 4.680 х 1.865 х 1.700mm со меѓуоскино растојание од 2.800 mm.

Компанијата инвестирала 1,7 милијарди евра во фабриката во која ќе се произведува U5 и планира да произведува 1500 возила годишно во првата фаза, додека за втората е предвиден двојно поголем капацитет.

Aiways U5 на европскиот пазар на автомобили ќе се појави во април 2020 година.

Loading...