Производителот од Штутгарт официјално ја претстави новата уште поекстремна верзија на својот суперспортски модел

Под капакот на моторот е познатиот 4.0-литарски twin-turbo V8 со импресивни 730 КС (537 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент.

Погонската единица е споена со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, што му овозможува на автомобилот да забрза од мирување до 100 km/h за само 3,2 секунди. Од 0 до 200 km/h пристигнува за 9 секунди, а максималната брзина е 325 km/h.

Mercedes-AMG GT Black Series од другите верзии на овој суперспортски модел се разликува во однос на дизајнот на надворешноста.

Првото нешто што ви го привлекува вниманието е масивното крило на задниот стабилизатор и отворите за вентилација на хаубата, која е направена од карбонски влакна. Покривната плоча на моделот е направена од ист материјал, како и аеродинамичките додатоци.

На задниот дел од автомобилот се издвојуваат два пара издувни цевки, како и голем дифузор кој го зафаќа целиот долен дел од браникот.

Производителот за моделот изработил специјални лиени алуминиумски фелни со десет краци, со дијаметар од 19 инчи на предната и 20 инчи на задната оска. На тркалата се монтирани Michelin Pilot Sport Cup 2 R гуми, а од Mercedes се пофалиja дека Black Series генерира downforce од над 400 кг, при брзина од 250 km/h.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1WpbdScIVrR4j8BBtB9fwAyeD4UKPC1UC” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]