Април донесе стабилизација на европскиот автмобилски пазар, Dacia лидер во SUV сегментот
По неколку месечниот пад на продажбата, месец април донесе стаблизација на Европскиот пазар на автомобили
Регистрирани се вкупно 1,34 милиони возила – исто како и во април 2018 година, кога пазарот забележа највисоки бројки во последните 10 години. На ниво на година, досегашните податоци за 2019 година покажуваат дека вкупниот пазар е намален за 2,5% или 5,47 милиони регистрирани возила заклучно со април.
Продажба по пазари за април 2019 / 2019 јануари – април
Што се однесува до погонското гориво, дизелот станува се помалку и помалку баран. Додека бензинците имаат учество од 59 отсто на пазарот, дизелите се само 32 отсто, што е намалување за 4 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во меѓувреме, во април регистрациите на електрифицирани автомобили продолжиле да растат – 91.200 единици и сочинуваат 6,9% од вкупниот пазар. Ова во голема мера се должи на зголемената побарувачка за чисто електрични автомобили, чии што регистрации се зголемиле за 71% или 22.900 единици.
Процентуално учество во сегментот по сегменти
SUV сегментот продолжил да расте и во текот на месец април и како сегмент евидентирал 495.000 регистрации – раст од 11% споредбено со април 2018 година. Според податоците на Јато, од почетокот на годината заклучно со април SUV сегментот забележал 2.02 милиони регистрации што е раст за 8% во однос на истиот период минатата година. Во април растот на сегментот бил воден од BMW Group (+ 29%), VW Group (+ 23%), PSA (+ 14%) и Hyundai-Kia (+ 14%).
Во април побарувачката за Dacia Duster пораснала за 30 отсто и овој модел е предводник во сегментот за првпат од неговото прво појавување на пазарот. Во меѓувреме, Toyota C-HR, Rav4 и Kia Niro биле најпродаваните електрични SUV модели, а Audi Q3, BMW X1 и Audi Q2 го предводат премиум рангирањето.
Кога станува збор за брендовите, Volkswagen и понатаму е лидер на пазарот, но со пад на продажбата од речиси 7% поради намалената продажба на трите најпродавани модели – Golf, Polo и Tiguan. Слична е ситуацијата и со Ford на чија намалена продажба негативно влијаеле Fiesta, Kuga и Ka +. Пад има и Opel / Vauxhall и покрај двоцифрениот раст на продажбата на моделите Crossland и Grandland, но негативниот ефект од Corsa, Astra и Mokka имаат поголем ефект за вкупното рангирање на брендот.
Продажба по брендови / модели за април 2019