Apple наскоро сепак ќе претстави автомобил?
Возилото треба да добие компоненти од тајвански производители
Гласините за таканаречениот Apple iCar траат повеќе од 10 години, односно од времето кога Стив Џобс беше жив, за сега повторно да се појават информации за оваа тема.
Во 2017 година, компанијата доби дозвола да го тестира своето електрично возило без екипаж на патиштата во Калифорнија и потпиша договор со кинеската компанија CATL за развој на технологијата на батерии.
Две години подоцна, проектот, познат како Titan, беше стопиран. Сепак, од време на време се појавуваа извештаи дека Aplle нема да развие автомобил, туку автопилот систем за продажба на други производители. Најновите информации велат дека компанијата сепак се вратила на создавање возило.
Уште во првата половина на 2021 година, тајванските компании Heda, BizLink-KY, Heqin и Tomita, наводно треба да започнат со снабдување на компоненти за мистериозниот модел. Ако сè оди според планот, возилото треба да биде претставено во септември 2021 година.