Лесните автомобили значат помалку суровини и помали мотори. И двете ставки го поевтинуваат производството, а со тоа и финалната цена на возилото

Одговорот на ова прашање го побарал швајцарскиот Blick.ch, а го добил од Марк Штрус, член на Одборот за развој на компанијата. Ова се неговите објаснувања кои покажуваат како може да се биде креативен, па дури и иновативен во штедењето. Искрено, доволно е само да ги задржите очите на внатрешноста на Jogger и да сватите дека Dacia не се снабдува со делови од истото место како и Bentley на пример.

Производството веќе на почетокот се одвива евтино во два погони во матичната Романија, а платите таму не се високи. Малку е веројатно дека Dacia ќе гради фабрики во Австрија или Велика Британија.

Како подружница на Renault, Dacia може да се потпре на француската технологија и да ги користи погоните и другите технологии од излозите на групацијата. Јадрото на Duster, на пример, сè уште се базира на истата технологија како и третото издание на Renault Clio, лансирано во 2005 година.

Но, тоа не е сè, Dacia не само што е евтина, туку има и солидни резултати кога станува збор за безбедноста (сосема коректни резултати на краш тестовите само заради тоа што системите за активна безбедност се сè уште скромни и затоа Dacia добива и помалку ѕвезди на Euro NCAP тестовите) и изгледа добро во споредба со другите евтини автомобили.

Па која е тајната на Романците? Да го погледнеме примерот на новиот Jogger. Ниската тежина на возилото е еден од клучните одговори. Лесните автомобили значат помалку суровини и помали мотори. И двете ставки го поевтинуваат производството, а со тоа и финалната цена на возилото. 

Бојата за заштита на подвозјето веќе е вградена во пластиката за време на производството. Тоа значи дека не е потребно дополнително боење. Ова заштедува еден работен чекор и го прави штитникот на подвозјето поиздржлив. Камените остатоци или други гребнатини не се видливи и не можат да го оштетат лакот кој потоа мора да се обнови.

Наместо пластични странични штитници, на вратата на Jogger има налепници, што, велат во Dacia, е повеќемотивирана одлука. Тие се поевтини, а пластичните облоги во оваа цена би биле навистина евтини и би изгледале брзо истрошени. Предниот дел на Jogger со столбот Б е позајмен од Sandero Stepway, што ги намалува трошоците.

Ако погледнете малку подобро, Jogger одзади нема издувна цевка, дури ни лажна. Крајот на издувниот систем е некаде на средината на автомобилот, што, погодувате, заштедува и материјал и пари. Задните светла се поставени вертикално. Нема светилка на задната врата. Така, вратите се ослободени од овие електрични инсталации, но нивниот отвор е поголем за багаж.

Dacia нема развиено нови седишта за третиот ред седишта во Jogger и продолжува да ги користи оние од својот претходник Lodgy. Седиштата тежат само десет килограми. Шините на седиштата се изоставени поради цената и тежината.

Иако клиентите мораат без електрична задна врата или лизгачки задни седишта, багажникот на покривот е достапен речиси бесплатно. Багажниците на покривот се дизајнирани на таков начин што надолжните шипки можат да се ротираат попречно со само неколку едноставни чекори и да се трансформираат во багажник за покрив, што заштедува пари на клиентот бидејќи тој не мора да купува специјални носачи.