Анализа: Најстресни земји во светот за возење, најмногу камери по километар пат, најлоши патишта…
Возењето во друга земја може да биде одличен начин да истражите нова дестинација и да ги ставите на тест вашите возачки способности. Но, процесот на возење по патиштата во странство не е без стресни елементи
Од купување на правилно осигурување за автомобилот, до почитување на правилата за возење во соодветната држава… Се на се, има многу нешта за кои треба да се размислува кога се движите по непознати патишта.
Кои земји ширум светот се особено фрустрирачки за возење? Од квалитетот на патиштата и нивоата на метеж до бројот на камери за брзина и несреќите на патиштата, Confused.com анализирал 48 земји (не и Македонија) во низа различни фактори.
Топ 20 најстресни земји за возење автомобил
Обединетите Арапски Емирати се на врвот на рангирањето како земја која е најстресна за возење, со оценка 88 од 100. Обединетите Арапски Емирати имаат особено високи оценки за фатални несреќи по население (2.724,23 на 100.000 жители – највисока од сите анализирани земји ).
Бугарија, Турција, Италија и Хонг Конг ги сочинуваат топ 5-те најстресни земји за возење. Европски земји рангирани во првите 10 се Бугарија, Турција, Италија, Чешка и Белгија.
1. Обединети Арапски Емирати
Обединетите Арапски Емирати имаат скор 88 од вкупно 100 во истражувањето на Confused.com, што ги става на првата позиција како најстресна земја за возење. Со многу автомобили на патиштата и најголем број фатални несреќи по население од сите анализирани земји, вреди да се внимава кога се вози во ОАЕ.
2. Бугарија
Бугарија е рангирана како втора најстресна земја за возење во целина, со скор 80 од 100. Земјата има особено лош резултат за патната инфраструктура и несреќите на патиштата.
3. Турција
Турција е трета најстресна земја за возење, со 78 од 100. Турција има висок скор за бројот на автомобили на патиштата, 173,4 на еден километар пат, и вкупен резултат на стресно возење од 78/100.
4. Италија
На четвртата позиција е Италија, со скор 76 од 100. Италија е позната по својот непредвидлив сообраќај, што значи дека секогаш кога тргнувате некаде треба да сметате на дополнително време поради метежот на патиштата.
5. Хонг Конг
Хонг Конг ги заокружува првите 5 најстресни земји за возење, поради високите оценки за фатални несреќи по број на население и бројот на автомобили на километар пат.
Поз. | Држава | Една камера за мерење на брзината на километар пат | Квалитет на патиштата (/100) | Фатални сообраќајни несреќи на 100,000 популација | Број на возила на 1 km од патиштата | Индекс на стрес (/100) |
---|---|---|---|---|---|---|
1
|
Обединети Арапски Емирати
|
1.45
|
83.4
|
2724.33
|
552.5
|
88
|
2
|
Бугарија
|
100.06
|
40.2
|
6.66
|
171.1
|
80
|
3
|
Турција
|
37.02
|
67
|
97.17
|
173.4
|
78
|
4
|
Италија
|
43.53
|
56.8
|
4.01
|
77.7
|
76
|
5
|
Хонк Конг
|
0.17
|
85.6
|
216.16
|
390.1
|
76
|
6
|
Чешка
|
52.15
|
48.5
|
4.83
|
96.7
|
74
|
7
|
Белгија
|
42.02
|
56.4
|
4.2
|
48.4
|
72
|
8
|
Малезија
|
995.88
|
72.4
|
22.93
|
91.5
|
72
|
9
|
Бразил
|
114.86
|
33.5
|
18.61
|
19.7
|
71
|
10
|
Аргентина
|
259.01
|
43.4
|
12.61
|
41.6
|
71
|
11
|
Канада
|
222.93
|
67.2
|
51.2
|
103.6
|
70
|
12
|
Колумбија
|
568.87
|
39.7
|
14.71
|
16.6
|
69
|
13
|
Филипини
|
0
|
44.8
|
9.69
|
16
|
68
|
14
|
Полска
|
541.5
|
55.2
|
6.56
|
53
|
67
|
15
|
Романија
|
765.32
|
32.6
|
8.52
|
65.7
|
65
|
16
|
Чиле
|
416.05
|
70.1
|
980.94
|
44.9
|
64
|
17
|
Сингапур
|
12.59
|
90.9
|
2.51
|
192.2
|
63
|
18
|
Велика Британија
|
54.72
|
64.4
|
2.44
|
86.4
|
61
|
19
|
Холандија
|
148
|
90.5
|
36.8
|
61.8
|
61
|
20
|
Мароко
|
230.12
|
61.5
|
10.73
|
49
|
57
|
Данска, Јапонија и Финска се рангирани како три земји со најмалку стрес при возење, секоја со резултат под 28 од 100. Секоја од овие држави има особено ниска оцена за сообраќајни несреќи со фатални последици, при што секоја од трите земји пријавила помалку од 4 несреќи на 100.000 жители.
Европа доминираше меѓу првите 10 најмалку стресни земји за возење, при што 9 земји од континентот имаат скор помалку од 40/100 за стресни фактори на возење.
Поз. | Држава | Една камера за мерење на брзината на километри пат | Квалитет на патиштата (/100) | Фатални сообраќајни несреќи на 100,000 популација | Број на возила на 1 km од патиштата | Индекс на стрес (/100) |
---|---|---|---|---|---|---|
21
|
Израел
|
102.38
|
64.3
|
3.28
|
143.4
|
57
|
22
|
Германија
|
133.89
|
71.7
|
3.28
|
72.1
|
57
|
23
|
Индија
|
427184
|
58.6
|
1138.71
|
5.5
|
56
|
24
|
Грција
|
303.9
|
60.7
|
5.4
|
44.9
|
54
|
25
|
Кина
|
0
|
59.7
|
41.11
|
32.4
|
54
|
26
|
Зимбабве
|
24316.75
|
30.6
|
10.66
|
9
|
53
|
27
|
Тајланд
|
800.24
|
56.6
|
31.58
|
51.4
|
52
|
28
|
Швајцарија
|
105.08
|
88
|
2.64
|
64.9
|
52
|
29
|
Австрија
|
91.48
|
83.5
|
3.86
|
35.8
|
46
|
30
|
Нов Зеланд
|
1220.78
|
57.6
|
7.02
|
35.4
|
46
|
31
|
Мексико
|
1531.34
|
58.4
|
1.26
|
74.4
|
44
|
32
|
Јужна Африка
|
1407.13
|
59.1
|
25.12
|
9.1
|
44
|
33
|
Португалија
|
733.63
|
83.2
|
5.05
|
55.9
|
43
|
34
|
Иран
|
173.11
|
48.1
|
1.91
|
63.4
|
43
|
35
|
Франција
|
293.7
|
73.9
|
3.9
|
30.7
|
43
|
36
|
Перу
|
5626.88
|
36.4
|
0.84
|
11.6
|
42
|
37
|
Словенија
|
314.4
|
65.8
|
3.82
|
28.7
|
40
|
38
|
Норвешка
|
241.48
|
59.2
|
1.73
|
28.7
|
39
|
39
|
Ирска
|
9983
|
56.7
|
3
|
20.5
|
39
|
40
|
Словачка
|
3557.88
|
49.8
|
4.1
|
38.8
|
36
|
41
|
Унгарија
|
765.42
|
50.3
|
4.75
|
16
|
35
|
42
|
Шведска
|
248.11
|
71.9
|
1.98
|
8.3
|
33
|
43
|
САД
|
951.96
|
74.5
|
10.87
|
18
|
30
|
44
|
Австралија
|
628.47
|
65.5
|
0.52
|
16.2
|
29
|
45
|
Саудиска Арабија
|
543.91
|
69.6
|
0.1
|
22.2
|
29
|
46
|
Шпанија
|
328.29
|
78.4
|
2.89
|
33.1
|
28
|
47
|
Јапонија
|
87055.14
|
84.8
|
3.67
|
50.8
|
28
|
48
|
Финска
|
425.89
|
71
|
4
|
5.8
|
27
|
49
|
Данска
|
3727.9
|
76.2
|
2.66
|
33.4
|
27
|
Топ 10 земји со најмногу камери за мерење на брзината
Камерите за мерење на брзината на возилата несомнено се поставени за да го подобрат целокупното искуство на возачите, со тоа што ќе ги чуваат безбедни. Без разлика каде се наоѓате во светот, возачите секогаш треба да се придржуваат до ограничувањето на брзината. Сепак, многу камери за брзина на патиштата може да го дополнат стресот од возењето. Исто така, ако не сте запознаени со патот по кој возите, барањето камери на патиштата може да ви го одвлече вниманието.
Хонг Конг е на врвот на листата на земји со најмногу камери за мерење на брзина, една на секои 0,17 километри пат. ОАЕ, Сингапур и Велика Британија, исто така, се рангирани во првите 10 земји со најмногу камери, при што Обединетото Кралство има камера за мерење на брзина на секои 54,72 километри пат. Надвор од ова, европските земји доминираат во Топ 10 (7 од 10-те земји се наоѓаат на континентот).
Поз. | Држава | Една камера за мерење на брзината на километри пат |
---|---|---|
1
|
Хонг Конг
|
една на 0.17 km пат |
2
|
Обединети Арапски Емирати | една на 1.45 km пат |
3
|
Сингапур | една на 12.59 km пат |
4
|
Турција | една на 37.02 km пат |
5
|
Белгија | една на 42.02 km пат |
6
|
Италија | една на 43.53 km пат |
7
|
Чешка | една на 52.15 km пат |
8
|
Велика Британија
|
една на 54.72 km пат |
9
|
Австрија | една на 91.48 km пат |
10
|
Бугарија | една на 100.06 km пат |
Топ 10 земји со патишта со најлош квалитет
Квалитетот на патната инфраструктура игра огромна улога во уживањето или нивото на стрес на возачот. Од нејасни сообраќајни знаци до лоши површини на патиштата и ознаки на коловозните ленти, има многу показатели за лоша (или добра) патна инфраструктура. Според податоците на Светскиот економски форум, Зимбабве има најлош скор за патната инфраструктура или само 30,6 поени од 100.
Земјите од Јужна Америка доминираат во топ 10, со земји како Аргентина, Колумбија, Перу и Бразил, сите со скор под 45 од 100.
Поз. | Држава | Квалитет на патиштата (0-100) |
---|---|---|
1
|
Зимбабве
|
30.6
|
2
|
Романија
|
32.6
|
3
|
Бразил
|
33.5
|
4
|
Перу
|
36.4
|
5
|
Колумбија
|
39.7
|
6
|
Бугарија
|
40.2
|
7
|
Аргентина
|
43.4
|
8
|
Филипини
|
44.8
|
9
|
Иран
|
48.1
|
10
|
Чешка
|
48.5
|
Топ 10 земји со најмногу фатални несреќи по број на население
Сообраќајните несреќи се вознемирувачки за секој возач – без разлика дали сте сведок на сообраќајна несреќа или самите сте вклучени во една. Затоа, бројот на сообраќајни несреќи што се случуваат на патиштата може да биде огромен показател за тоа колку е стресно возењето во една земја.
Обединетите Арапски Емирати се на врвот на листата на земји со најмногу фатални несреќи (2.724 фатални несреќи на 100.000 жители). Индија и Чиле следат на втората и третата позиција, секоја со околу 1.000 смртни случаи на 100.000 жители.
Поз. | Држава | Фатални сообраќајни несреќи на 100,000 популација |
---|---|---|
1
|
Обединети Арапски Емирати
|
2724.33
|
2
|
Индија
|
1138.71
|
3
|
Чиле
|
980.94
|
4
|
Хонг Конг
|
216.16
|
5
|
Турција
|
97.17
|
6
|
Канада
|
51.2
|
7
|
Кина
|
41.11
|
8
|
Холандија
|
36.8
|
9
|
Тајланд
|
31.58
|
10
|
Јужна Африка
|
25.12
|