Американците тврдат дека 5G мрежата им пречи на авионите, а ЕУ дека тоа не е случај во Европа. Кои се разликите?
Во Европската унија, 5G мрежата работи помеѓу 3,4 и 3,8 GHz, додека САД во моментов користат фреквенции помеѓу 3,7 и 3,98 GHz
Воведен во јули 2016 година, стандардот од петтата генерација за широкопојасни мобилни мрежи не е баш совршен. Технолошките експерти кои работат за Федералната авио индустрија на Соединетите држави предупредуваат дека радарските висиномери кои се користат во авионите може да бидат засегнати од спектарот на опсегот C кој го користи 5G. Дирекцијата Générale de l’Aviation Civile во Франција, исто така, изрази загриженост, советувајќи ги патниците да ја исклучат врската за мобилни податоци за време на летот. Во Соединетите Држави, двајца високи функционери од DOT и FAA побараа од телекомуникациските гиганти AT&T и Verizon да ја одложат имплементацијата на 5G поради загриженост за можни пречки.
Токму во време кога сето ова се случува, Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија посочува дека техничките податоци добиени од производителите на ЕУ во моментов не даваат убедливи докази за непосредна загриженост за безбедноста. Во интервју за CNN Business во средата, надзорникот за безбедност на цивилното воздухопловство дополнително истакнува дека EASA не знае за какви било оперативни инциденти предизвикани од пречки на 5G. Регулаторот надгледува 31 земја, а како што добро знаете, 5G веќе е оперативна во многу делови на Европската унија. Управата за цивилно воздухопловство нема потврдено ниту еден случај на 5G пречки кој резултирал со откажување на системи во авион, а тоа е суштината на сето тоа.
Од каде доажа оваа разлика во заклучоците? Во Европската унија, 5G мрежата работи помеѓу 3,4 и 3,8 GHz, додека САД во моментов користат фреквенции помеѓу 3,7 и 3,98 GHz. Радарските висиномери работат меѓу 4,2 и 4,4 GHz, така што ризик претставува технологијата од петта генерација во САД, додека ЕУ има значителна тампон зона.