Американскиот автомобилски гигант нема да продава бензинци по 2035 година
General Motors сака да стави крај на производството на автомобили со SUS мотори
Американскиот автомобилски концерн се обидува да биде јаглеродно неутрален до 2040 година, а средната цел е целосна транзиција кон возила со нулта емисија до 2035 година, велат од General Motors. Во превод, ова значи дека по овој датум, ниту една марка што работи во рамките на General Motors повеќе нема да произведува автомобили што имаат мотор со внатрешно согорување во нив.
За да се остварат ваквите најави, GM планира да понуди 30 чисто електрични модели на клиентите ширум светот до средината на оваа деценија. Исто така, се предвидува дека до 2025 година, 40% од моделите понудени на американскиот пазар ќе бидат на електрична енергија.