Алонсо ќе го продолжи договорот со Alpine на уште две години?
Според некои наводи, Шпанецот би можел да остане уште некое време во F1 шампионатот
Фернандо Алонсо се врати во тимот од Енстон во 2021 година по двегодишна пауза и разделбата со McLaren, и сега се обидува да го врати Alpine (порано renault) на старите патеки на успехот. Сепак, на возачот од Овиедо договорот со неговиот работодавец истекува на крајот од оваа година, па на големо се зборува за тоа што би можело да се случи во иднина со оглед на тоа што Шпанецот веќе има 40 години.
Според добро информираниот новинар Џо Савард, Фернандо Алонсо би требало да го продолжи договорот со Alpine на уште две години, што значи дека ќе остане во Formula 1 до крајот на 2024 година. Во меѓувреме, Фернандо го најави и личниот договор со Castrol, кој воедно е и спонзор на овој тим.