Алкохолот е зло: Пијан возач на VW Touran се „набил“ во борбен авион MiG-29!
Сообраќајна несреќа каква не се памети!
Алкохолизираните возачи, за жал, секојдневно предизвикуваат многу сообраќајни несреќи ширум светот, но ретко кој досега учествувал во сообраќајна несреќа со борбен авион, во овој случај, MiG-29.
Инцидентот се случил во Василкив, во близина на украинскиот главен град Киев, пишува локалниот Obozrevatel, кога инженер на втората ескадрила на воената единица, кому му се наведени само иницијалите, во алкохолизирана состојба со VW Touran, силно удрил во борбен авион.
Деталите се нејасни, се чини дека во близина има воздушна база, но не е јасно каде точно се случил инцидентот. Пијаниот инженер наводно не го очекувал леталото на делот од аеродромот каде што бил, па налетал на него со голема брзина.
Како резултат на страшниот судир, авионот се запалил, кој пожарникарите брзо го локализирале и изгаснале. Несреќата предизвикала голема штета на моторот на авионот и другите делови од овој MiG-29. Ова го потврдуваат и фотографиите на кои се гледа запалената опашка, како и оштетените млазници на моторот.
Тешко е оштетен и Touran-от кому ми е искршен целиот преден дел и шофершајбната. За среќа, никој не е сериозно повреден, односно возачот поминал само со модринки и исекотини.
No matter what mistakes you've made recently, they probably don't compare to this Ukrainian captain who rammed a MiG-29 fighter with his Volkswagen Touran while drunk.https://t.co/GCQn5dHBwehttps://t.co/VJ2OeQfumn pic.twitter.com/XwszW5FNWD
— Rob Lee (@RALee85) March 12, 2021
Инженерот сега се соочува со низа обвиненија и чека судење на кое треба да објасни зошто возел во алкохолизирана состојба и како удрил во авионот.
Иако нема збор за тоа колку штета е направена, треба да се има предвид дека MiG-29, во зависност од годината и бројот на часови „во воздух“ чини од 10 до 20 милиони долари, а украинските воздухопловни сили имаат само 24 единици.