Veloce Ti ќе биде достапен во бензинска и дизел верзија

Alfa Romeo претстави нова верзија Veloce Ti на својот кросовер Stelvio, која на европскиот пазар пристигнува во 2021 година. Инспирацијата доаѓа од топ верзијата Quadrifoglio.

Верзијата Stelvio Veloce Ti ќе се разликува по својот изглед, бидејќи новините вклучуваат поинаков заден браник и дополнителен дифузер. Покрај тоа, за прв пат во гамата на кросоверот се вклучени алуминиумски тркала од 21 инчи.

Салонот добил голем број детали од Quadrifoglio, вклучувајќи спортски седишта од кожа и алкантара во комбинација со детали од карбон. Новиот Stelvio Veloce Ti доаѓа со темни рамки на прозорците кои се затемнети.

Европските клиенти на Alfa Romeo ќе можат да бираат помеѓу два мотори. Станува збор за 2.0-литарски бензинец со турбо и четири цилиндри, кој развива 280 КС, како и 2.2-литарски дизел со 210 КС. Двете варијанти имаат 8-степен автоматски менувач и систем за погон на четири тркала.

Во 2021 година, за Alfa Romeo Stelvio, како и Giulia, ќе биде понуден пакет од најновите услуги за поврзување на компанијата, вклучувајќи карактеристики како што се локација на автомобилот, испраќање дестинации до системот за навигација, споделување на Интернет врска со 8 уреди …

Моделите на Alfa Romeo ќе располагаат со пакет асистенти за возачот, вклучително и одржување на лентата на движење, прилагодлива контрола на крстарење, препознавање знаци на патот…