Alfa Romeo, DS и Lancia планираат заеднички развој на нова генерација на автомобили која ќе биде лансирана од 2024 година

Откако Alfa Romeo влезе во новиот автомобилски концерн Stellantis како бренд во рамките на FCA групацијата, картите се повторно измешани и добрата вест е што на италијанскиот бренд ќе му се даде многу простор во развојот на нови модели кои понатаму ќе бидат редефинирани како премиум бренд заедно со оние на DS и Lancia.

Воопшто не е тајна дека на Alfa Romeo очајно и се потребни нови модели за да остане во игра, а во моментов се нудат само два модела – седан од средна големина Giulia и теренецот Stelvio, додека компактната Giulietta од неодамна е пратена во пензија по една деценија производство. Секако ваква марка со историја не може да се затвори туку така, но факт е дека во моментов се бори за живот, претставува само трошок, па сигурно е дека голема инвестиција и освежување на палетата на модели се преку потрбни за враќање на патот на профитабилноста.

Веќе е сигурно доаѓањето на сцена на малиот SUV Tonale од Б-сегментот, како и електричен SUV, а се чини дека ќе има поместување и кон поголема лимузина од Giulia која пазарно би се спротивставила на големото тројство – BMW Серија 5, Mercedes E -Класа и Audi А6 без оглед на тоа што ќе има конкуренција и внатре во куќата со Maseratijem Ghibli. 

И додека компактниот кросовер Alfa Romeo Tonale треба да дебитира во септември оваа година, порталот motor.es пишува дека новиот голем ас на Alfa е во ракавот на новиот шеф на Alfa Romeo Жан-Филип Императо. Според некои информации, бизнис-спортскиот седан моментално е во фаза на дизајн и треба да биде претставен за четири години, односно 2025 година.

За таа цел, Motor.es сподели ексклузивен рендер на големиот брат на Giulia. Автомобилот би бил поставен на продолжена платформа Giorgio, како и Giulia и Stelvio, а треба да се понудат бензинска, plug-in хибриди и електрична верзија. Колку сериозно може да се сфатат овие гласини додека Alfa Romeo официјално не ги потврди, е друго прашање. До неодамна се претпоставуваше дека Италијанците повеќе ќе се потпрат на серија SUV модели за да ги подигнат продажните резултати.

Сепак, она што сè уште дава надеж е дека Alfa Romeo, DS и Lancia заеднички сакаат да развијат нова генерација на автомобили која ќе биде лансирана од 2024 година, а соработката беше договорена веднаш по спојувањето на FCA и PSA. Тројцата производители ќе ексклузивно споделуваат можности и технологии кои нема да бидат достапни за другите брендови во групацијата Stellantis.