Alfa Romeo подготвува електричен мини SUV
Италијанската компанија Alfa Romeo работи на своето прво електрично возило, кое светлото на денот треба да го здогледа во 2022 година
Според британскиот Autocar, овој мини SUV има за цел да ја подобри продажбата на италијанскиот производител, а по големина ќе биде сличен на моделот Q2 на Audi.
Тоа зборува доволно за трендот на пазарот и кон што се стреми италијанскиот производител.
Alfa Romeo во моментов нема електричен автомобил, но веќе следната година ќе го добиеме електричниот теренец наречен Tonale, кој ќе може да се купи и во хибридна верзија.
Уште во 2018 година, Alfa Romeo ги објави плановите за враќање на суперавтомобилите 8C и GTV во форма на Giulia купе. Сепак, до крајот на минатата година, стратегијата се засноваше на само четири главни модели.
Компанијата ќе се потпре на два помали SUV модели за да ја постигне својата целна продажба на 400.000 автомобили годишно.