Alfa Romeo Giulietta заминува во историја
Моделот, кој во производство остана 11 години, ќе биде заменет со кросовер
Италијанската компанија Alfa Romeo својот хечбек Giulietta по 11 години производство го праќа во историјата, што го прави овој модел еден од најдолготрајните сериски произведувани автомобили во последно време. Одлуката беше донесена уште во 2020 година, оставајќи ја Alfa Romeo со само два модели во својата гама – седанот Giulia и кросоверот Stelvio.
„Трендот е да има повеќе SUV модели во C сегментот, така што нашиот иден автомобил – Tonale, е моделот кој ќе ја замени Giulietta“, вели менаџерот за производи на италијанската марка Фабио Милаваца за Autocar.
Тој додава дека Alfa Romeo се фокусирал на динамиката на возење, а Tonale ќе се претстави импресивно во овој поглед, и покрај тоа што е кросовер модел, а не хечбек.
Во 2020 година, во Европа од Giulietta се продадени само 10.817 единици, што е скоро 2,5 пати помалку од резултатот во 2018 година – 26.632. Првичната најава беше дека продажбата на моделот ќе биде запрена на крајот од 2020 година, но овој период беше продолжен поради сеуште непродадени единици кај дилерите.
Суспензијата на Giulietta значи дека Alfa Romeo нема да има производ во понуда од Б-сегментот скоро една година, бидејќи премиерата на Tonale беше одложена на инсистирање на новиот извршен директор на компанијата Жан-Филип Импарато со цел подобрување на хибридните верзии на кросоверот.