Италијанското дуо од Д сегментот ќе има нови итерации, и тоа многу наскоро!

Еден од високопозиционираните менаџери на Alfa Romeo, Даниел Тиаго Гукафаме, во разговор за јапонските медиуми потврди дека Stelvio и Giulia наскоро ќе добијат нови изданија. На прашањето дали дуото наскоро ќе добие варијанти на батерии, овој менаџер вели: 

„Наскоро… Наскоро ќе ги лансираме новите Stelvio и Giulia“.

Новинарите од Јапонија ова го толкуваат како најава за следна генерација. Кога тоа би можело да се случи и што точно значи наскоро, ќе остане мистерија. Некои шпекулираат дека Alfaби можела да ги претстави овие новитети на почетокот на следната година, но сето тоа е во сферата на шпекулации.

Претходно првиот човек на италијанскиот бренд Жан Филип Импарато потврди дека Giulia ќе добие електрична верзија која ќе стапи на сцена во 2024 година. Имајќи го тоа предвид, јасно е дека моделите на Alfa ќе мора да се префрлат на платформите на Stellantis, поточно на поранешната групација PSA, бидејќи овозможуваат EV варијанти.

Веќе се зборуваше за STLA Large архитектура која може да поддржува батерии со капацитет меѓу 101 и 118 kWh, што би требало да овозможи опсег од 800 km.

Сепак, Гукафаме одбива да открие какви било детали за идните модели, но и за потенцијалните верзии на батерии за сегашните автомобили. 

„Електрификацијата на сегашните Giulia и Stelvia е нешто за што размислуваме долго време. Се уште немаме донесено конечна одлука, но повеќе за тоа ќе кажеме на крајот од оваа година“, изјави менаџерот на Alfa Romeo.