На „алфистите“, но и на сите вистински вљубеници во автомобилите, Alfa им го исполни сонот

 

Пред нас се две лимитирани едиции на Giulia. И двата во изведба Quadrifoglio за која се мислеше дека е ненадминлива. Технички и концептуално, инспирирана од 1965 Giulia GTA развиена од Autodelta, 2021 Alfa Romeo GTA е базирана на Giulia Quadrifoglio и доаѓа во две изведби GTA и GTAm. 

Изведбите сè уште имаат 2.9 V6 битурбо, но сега со 540 КС, 30 повеќе од Giulia Quadrifoglio. Инженерите на Alfa фокусот го ставиле на вкупната маса која е малку намалена, аеродинамиката е подобрена, а downforce-от дополнително зголемен.

Активната аеродинамика е посебно проучувана за зголемување на аеродинамичното оптеретување. Овие решенија содржат техничко знаење кое доаѓа директно од Формула 1, благодарение на синергијата со Sauber Engineering и употребата на пакетот Sauber Aerokit.

Леснотијата на управување при големи брзини е унапредена со проширување на трагите на предните и задните тркала за 50 mm и развој на нов сет на пружини, амортизери и систем за суспензија.

Во моделот GTAm, предниот аеродинамичен дел е оптимизиран до крајност, со додавање на поголем преден спојлер и задно крило од јаглеродни влакна, кои обезбедуваат потешко, совршено избалансирано оптоварување при големи брзини.

Во однос на перформансите, моторот на Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo, кој е изработен од алуминиум и развива дури 510 КС во стандардната конфигурација, достигнува 540 КС во Giulia GTA, благодарение на внимателниот развој и калибрацијата од страна на инженерите на брендот Alfa Romeo.

Истиот тим успеал да го оптимизира позитивното влијание на новиот централен издувен систем на Акрапович со карактеристичен звук.

Внатре во возилото, неколку нови детали го привлекуваат вниманието: елементи од 100% Alcantara на контролната табла, панелите на вратите, касетата за ракавици, централните делови на седиштата…

Новите мат уметоци од јаглеродни влакна му даваат на ентериерот карактеристична техничка и естетска елеганција. Во новиот модел GTAm, ентериерот е малку различен по тоа што има заштитен кафез, нема панели на вратите и задни седишта, а вратите се отвораат со ремен наместо со рачка, уште еден детал типичен и инспириран од светот на трките.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h се постигнува со брзина на молња – благодарение на системот Launch Control, хронометарот застанува на само 3,6 секунди.

Giulia GTAm нуди конфигурација со два седишта која може да се користи на регуларните патишта, со преден разделник и поголемо задно крило од јаглеродни влакна, што е врвен израз на спортски карактер.

Во пакетот опрема GTA, со истата вкупна моќност, Giulia нуди четири места за седење, без заден кафез; спојлерот и разделникот се оптимизирани за секојдневна употреба на регуларен пат; има исти панели за вратите, седиштата и прозорските панели како Giulia Quadrifoglio. Резултатот е суперавтомобил за секојдневна употреба.

Моделот Alfa Romeo Giulia GTA и хардкор верзијата, Giulia GTAm, ќе се произведат во ограничено издание од вкупно само 500 единици.

Сите произведени примероци ќе бидат специјално нумерирани и лиценцирани и подготвени да го заземат своето место заедно со претходникот од 1965 година како еден од најбараните колекционерски примероци.

https://youtu.be/Z6MNf6yaSn8