Акио Тојода заминува од позицијата извршен директор на Toyota
Тој ќе ја напушти функцијата на 1 април годинава.
На негово место ќе дојде Коџи Сато, кој моментално ја извршува функцијата маркетинг директор и прв човек на Lexus и GAZOO Racing. Тојода, од друга страна, станува претседател на управниот одбор, додека поранешниот претседател Такеши Учијамада ќе биде еден од членовите на управниот одбор на компанијата.
66-годишниот Акио Тојода е внук на основачот на Toyota, а извршен директор е од 2009 година.
„Мислев дека најдобриот начин за понатамошна трансформација на Toyota ќе биде да станам претседател на одборот за поддршка на новиот претседател и тоа доведе до денешната одлука. Претседавачот Учијамада долго време ме поддржуваше на секој можен начин“, вели Тојода.
„Гледајќи наназад, овие 13 години беа период на борба за опстанок од ден на ден, така искрено се чувствувам“, додава тој.
„Оваа промена доаѓа поради оставката на Учијамада поттикната од мислата дека е време да се повлечам за да направам простор за новата генерација. Поставен е темелот за предавање на палката на следната генерација, вели Тојода.
По повод назначувањето, Који Сато ќе рече:
„Автомобилите во иднина ќе се развиваат преку самиот концепт на мобилност. Во тој процес, се надевам дека ќе ја зачувам суштинската вредност на автомобилот и ќе предложам нови форми на мобилност“.
Многумина најмногу ги интересира дали Toyota ќе го продолжи својот развој во неколку насоки, кои не сите вклучуваат електромобилност. Сато признава дека Toyota треба да продолжи со своите зелени напори:
„Енергетската безбедност, на пример, е голем предизвик со кој треба да се соочи целата планета“.
Акио Тојода
Роден е на 3 мај 1956 година. Во 2000 година станал член на управниот одбор, а од 2009 година е на чело на компанијата. Тој е познат по својата љубов кон возењето и мотоспортот, поради што има учествувано на 24 часа Нирбургринг во 2009 година под псевдонимот Моризо Киношита, при што го освојува четвртото место во класата возејќи го прототипот Lexus LF-A. Лично учествувал во развојот на спортскиот Yaris, кој е еден од најпосебните спортски автомобили во последните години.
Тојода ќе остане запаметен како многу карактеристичен лик во автомобилската индустрија. Тој дефинитивно имаше визија и никогаш не се плашеше да го каже своето мислење. Неговата последна изјава минатата година дека тивкото мнозинство од автомобилската индустрија се сомнева во иднината на електричните возила особено одекна во автомобилскиот свет.