Познатиот дизајнер сe уште нема да се пензионира

Според пишувањето на La Gazetta dello Sport, постоеле одредени наводи дека Aston Martin е заинтересиран за услугите на овој Британец, но шефот на тимот на Red Bull ги отфрлил овие шпекулации.

„Адријан е среќен со нас и го продолжи договорот. Тој е во Red Bull 16 години, му се допаѓа нашиот пристап и многу е мотивиран“, вели Кристијан Хорнер.

Според него, размената на инженери е нормална работа, но понекогаш и дел од политичката борба меѓу тимовите.

„Сето ова започна за време на зимските тестови, кога некои луѓе тргнаа со шпекулации дека болидите со повисок под ќе имаат подобри перформанси отколку болидите со помало растојание од земјата“, додава Хорнер. „Потоа започнавме да градиме фабрика, па така сакавме да ги привлечеме најдобрите луѓе од Велика Британија кај нас. Некои дојдоа од Mercedes, но тоа не беше нашата намера“.