Сегашниот недостиг на чипови, кој тешко влијае на настаните во автомобилската индустрија, е добар потсетник за степенот до кој денешните возила се зависни од дигиталната технологија.

 

Новите автомобили се „спакувани“ со сензори, дисплеи, модеми и многу други системи, а голем дел од технологијата доаѓа надвор од автомобилската индустрија. Групацијата VW има добиено лиценца за 2G и 3G технологија од Acer, тајвански производител на компјутери. Меѓутоа, Acer, во меѓувреме, поднел тужба против германскиот конгломерат, обвинувајќи го за кршење на правото на користење со некои други патенти.

Во својата тужба, поднесена во американската сојузна држава Вирџинија, Acer вели дека групацијата VW инсталирала 4G чипови во неколку модели. Наводно, германската компанија нема дозвола за такво нешто.

Во жалбата се наведува дека спорната технологија, која VW немала право да ја користи, си нашла место во електричните ID.4, Atlas, Golf, Tiguan, како и во многу други модели.

Групацијата VW соопшти дека ја проучува тужбата пред да одлучи какви чекори ќе преземе понатаму. Воедно, од компанијата велат дека тврдењета за нив се неосновани и ќе ја „одбранат својата позиција“. Летово, германскиот конгломерат потпиша договор за лиценца со Huawei за 4G технологија, додека обвинувањата на Acer датираат од пред две години. Volkswagen ја објави својата Car-Net услуга со 4G поврзување во 2019 година.