Во јули 2021 година, европскиот пазар на патнички автомобили забележал значителен неуспех по четири месеци забрзан раст, што може да се види и од бројката на нови регистрации која имала пад од -23,2% или 823.949 единици

Четирите главни пазари во ЕУ покажале слични трендови и сите забележале големи загуби. Најголемиот пад во јули го имала Франција (-35,3%), потоа Шпанија (-28,9%), Германија (-24,9%) и Италија (-19,2%).

Во текот на месец август, регистрациите на нови автомобили автомобили во ЕУ се намалил за 19,1% – во споредба со истиот месец минатата година – или 622.993 единици. Втор месец по ред, најголемите автомобилски пазари имаат двоцифрен пад: Шпанија (-28,9%), Италија (-27,3%), Германија (-23,0%) и Франција (-15,0%).

Во текот на првите осум месеци од 2021 година, обемот на продажба е во позитива од 11,2% на годишно ниво споредбено со 2020 година или вкупно 6,8 милиони нови патнички автомобили. И покрај слабите перформанси на пазарите во ЕУ во текот на летните месеци, значителните добивки претходно оваа година го задржуваат кумулативниот раст во позитива. Како резултат на тоа, секој од четирите главни пазари, досега во 2021 година, има раст на продажбата или во бројки за четирите главни пазари – Италија (+30,9%), Франција (+12,8%), Шпанија (+12,1%) и Германија (+2,5%).

Третата колона е продажба во август 2021 година, четвртата колона е намалување или зголемување во споредба со август 2020 година изразено како процент, а потоа вкупната продажба во 2021 година. Шестата колона е намалување или зголемување во однос на периодот јануари -август 2020 година. На крајот се позициите на листата за периодот јануари -август 2021 година односно јануари -август 2020 година.

1 Volkswagen 85,433 -12,6% 937.753 13,4% 1 1
2 Toyota 49.966 1,1% 502.668 27,6% 3 7
3 BMW 43.562 -14,7% 475.979 16,1% 4 5
4 Audi 40.338 -6,2% 438.923 18,7% 7 9
5 Hyundai 38,143 2,2% 331.268 27,8% 13 13
6 Renault 36.906 -31,8% 447,499 -10,7% 5 2
7 Skoda 36.644 -24,9% 435.185 8,4% 8 8
8 Mercedes 36.158 -37,5% 439.099 1,1% 6 4
9 Kia 34.917 -2,8% 331,626 28,9% 12 14
10 Peugeot 32.555 -39,6% 509,486 12,9% 2 3
11 Ford 32,147 -37,9% 380,495 -4,5% 9 6
12 Dacia 31.279 -8,2% 261.723 5,7% 16 15
13 Opel / Vauxhall 27.463 -17,9% 341.306 16,0% 11 11
14 Fiat 25.970 -24,3% 343.658 17,0% 10 10
15 SEAT вклучително Cupra 25.749 -10,8% 296,472 24,9% 15 16
16 Citroën 22.961 -31,3% 316.999 11,8% 14 12
17 Suzuki 14.900 18,7% 135.892 37,3% 19 20
18 Nissan 12.457 -37,2% 167.267 -5,2% 18 17
19 Volvo 12.281 -25,7% 200.078 18,4% 17 18
20. Mazda 11.910 9,9% 106,520 25,2% 21 21
21 Tesla 11,500 61,1% 79.386 74,5% 24 25
22 Mini 8.560 -29,7% 116.875 14,8% 20 19
23 Jeep 8.078 -26,2% 92.358 32,7% 22 22
24 Honda 6.135 -32,0% 47.337 -8,9% 26 26
25 Mitsubishi 5.531 -26,0% 49.797 -31,7% 25 24
26 Land Rover 4.478 -18,4% 82,570 25,6% 23 23
27 MG (проценка) 3.400 94,1% 24.311 98,4% 32 34
28 Porsche 3.311 -34,9% 46.876 3,5% 27 27
29 Lexus 3.125 14,1% 26.010 8,8% 31 28
30 DS 2,136 -11,7% 27.554 2,0% 30 31

Според бројките, кога станува збор за автомобилските брендови и групации, групацијата Volkswagen нема посилни конкуренти, но кога ќе се соберат сите брендови на Stellantis во Европа, излегува дека оваа групација е на второто место на европскиот пазар во август. 

Сите во минус, само Јапонците, Корејците и Tesla во плус

Toyota и Hyundai се меѓу првите пет во Европа. Toyota генерално делува незапирливо со своите хибриди, иако се чини дека Hyundai е многу поподготвен за електричната иднина. Сепак, и двете марки, едноставно, имаат многу добра понуда на атрактивни и свежи модели со долга гаранција, па таму каде што нема „силни национални брендови“, Европејците се одлучуваат за производи од Далечниот Исток, поврзани со сигурноста, што може да се види и на нашиот пазар.

Дали европските производители кои некогаш беа лидери полека ги губат своите позиции?!

Peugeot е десетти, Fiat четиринаесетти, Citroen шеснаесетти… Само Renault е во првите десет, односно меѓу најдобрите шест. Audi, BMW и Mercedes се во првите десет, но…

Целиот извештај на ACEA можете да го погледнете на следниот линк.

https://www.acea.auto/files/20210916_PRPC_2107-08-FINAL.pdf