WardsAuto – Топ 10 мотори и погонски системи за 2020 година
Во самата промена на името, се рефлектираат и промените во автомобилската индустрија
Ако нешто во насловот на овогодинешната селекција на WardsAutо ви изгледа чудно, тогаш сте во право, затоа што листата на Топ 10 мотори е преименувана во „Топ 10 мотори и погонски системи за 2020 година“.
Транзицијата на автомобилската индустрија кон алтернативни погони неизбежно доведе до промени бидејќи не така одамна интересна сфера беа само SUS моторите, додека сега „под лупа“ се и хибридите, електричните возила, оние кои се напојуваат со водород, како и некои други.
Ова е конечната листа на најдобрите по азбучен ред.
BMW M340i: 3.0-литарски турбо со шест цилиндри
(BMW 3.0L DOHC Turbocharged I-6)
Оваа единица е синоним за елеганција и моќ во исто време. Овозможува многу моќ и врбна забава.
Chevy Corvette Stingray: 6.2-литарски V8
(GM 6.2L OHV V-8)
Единицата LT2 V8 на General Motors е централно позиционирана во новата C8 Corvette, обезбедувајќи масивна „коњаница“. Станува збор за надградена верзија на LT1 V8.
Ford Mustang: 2.3-литарски турбо со четири цилиндри
(Ford 2.3L DOHC High Performance Turbo 4-Cyl.)
Достапен како дел од пакетот High Performance за Mustang, со поголем турбо полнач, нова калибрација на моторот и поголем ладилник.
GMC Sierra: 3.0-литарски турбо дизел со шест цилиндри
(GM 3.0L DOHC Turbodiesel I-6)
Овој американски „дизелаш“ нуди голема економија и многу вртежен момент при ниски вртежи во минута.
Honda Accord Hybrid: 2.0-литарски реден со четири цилиндри + електромотор
(Honda 2.0L DOHC Atkinson i-VTEC 4-Cyl./HEV)
Јапонскиот бренд продолжува да ниже успеси со Honda Accord Hybrid, кој нуди ефикасност и моќ во исто време.
Hyundai Kona EV: електромотор со 150 kW
(Hyundai 150-kW Propulsion System)
Корејскиот електричен кросовер продолжува да ја импресионира публиката со пристапноста и понудената автономија.
Hyundai Sonata: 1.6-литарски турбо со четири цилиндри
(Hyundai 1.6L DOHC Turbocharged 4-Cyl.)
Sonata за 2020 година има опционален мотор кој обезбедува многу моќ на овој корејски седан.
Mercedes-Benz GLE450: 3.0-литарски 48V турбо со шест цилиндри
(Daimler 3.0L DOHC 48V Turbo I-6)
Лесниот хибриден систем во GLE обезбедува елегантно, линеарно доставување на моќ во секое време.
Nissan Altima: 2.0-литарски VC-Турбо со четири цилиндри
(Nissan 2.0L DOHC VC-Turbo 4-Cyl.)
Овој мотор за варијабилна компресија на Nissan има брз одговор и живост при големи брзини
Ram 1500: 3.6-литарски 48V eTorque V6
(FCA 3.6L DOHC 48V eTorque V-6)
„Благиот“ хибриден пикап на RAM ја комбинира ефикасноста на V6 единицата со одредена електрична асистенција.