Најновите национални проценки за американските возачи кои возат под дејство на марихуана покажуваат дека нивниот број се мери во милиони, се вели во извештајот на американскиот центар за контрола и спречување на болести

Најновите податоци велат дека 12 милиони возрасни Американци изјавиле дека возеле под дејство на марихуана во изминатите 12 месеци, а околу 2,3 милиони возачи рекле дека возеле под дејство на други опијати, како што се кокаинот или метафетамини. Преведено, дури 4,7% од Американците возеле автомобил под влијание на „трева“, а 0,9% возеле под дејство на други опијати.

Испитаниците кои под дејство на марихуана најчесто седнуваат зад воланот припаѓаат на возрасната група од 21-25 години. Втората најголема група која пријавила употреба на марихуана биле млади луѓе на возраст помеѓу 16 и 20 години, односно најмладата категорија на возачи која е квалификувана за дозвола. Авторите на студијата велат дека ова е особено загрижувачко за нив, бидејќи младите возачи и онака се изложени на зголемен ризик од предизвикување сообраќајна незгода поради неискуство.

Марихуаната е легална во се поголем број држави, но возењето под нејзино влијание не е.

Претходните студии покажуваат дека употребата на марихуана може сериозно да влијае на расудувањето на возачот, перцепцијата, способност за размислување и време на реакција.

Извештајот за бројот на „надувани“ возачи треба да ги охрабри службениците во јавното здравство да развиваат алатки за брзо откривање дали возачот е под дејство на марихуана или други дроги.

Истражувачите исто така се надеваат дека ќе бидат донесени стандарди за токсиколошки тестови и дека ќе се поттикне соработката помеѓу полицијата и службениците за јавно здравје, да развијат подобар начин за тестирање и спречување на возење под дејство на дрога. Засега нема национални стандарди или стандардизирани тестови за возачи под дејство на марихуана, како што има за пијани возачи.

Студијата од 2017 година откриле дека легализацијата на марихуаната не го зголемила бројот на фатални несреќи, но се наведува дека со легализацијата на нејзината употреба во целина, се забележани повеќе несреќи.

Во исто време, процентот на возачи под дејство на марихуана е многу помал од бројот на возачи кои рекле дека биле под дејство на алкохол! Во 2018 година, дури 8% од возачите изјавиле дека испиле некој пијалок пред да возат во одреден момент во текот на претходната година.