Регулаторна реши: бензините и дизелот без промени на цената
Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,54%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 10.12.2019 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 10.12.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,929 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 35,407 ден/кг.