Покрај зимски, има и нордиски гуми, а има и такви со крампони / ВИДЕО
Разликата помеѓу ефтините и скапи зимски гуми, како и помеѓу зимските и оние за сите сезони, претпоставуваме ја знаете. Но дали знаете дека има и специјални гуми за лед со крампони?
Магазинот Tyre Reviews спровеl интересен тест кој започнува со класичен тест за зимски гуми. Тест-автомобил е VW Golf 7 со гуми 205/55 R16 и гуми Nokian WR SnowProof. Со овие гуми, на заледен круг, постигнатото време е 1:22.0 минути. Тестот бил спроведен само на заледена површина, така што вооппшто не е изненадување што летните гуми или гуми за сите сезони воопшто не се земени во предвид..
Ако живеете во области каде зимите се долги и сурови, како што се нордиските земји и Канада, тогаш редовната зимска гума не е доволна. Затоа се тука „нордиските“ гуми, односно Nokian Hakkapeliitta R3. Со промена на мешавината е добиен малку поинаков профил на гуми, а времето по круг било драстично намалено на 1: 11.0, Воопшто чувството за возење се променило, и тоа во позитива…, ќе коментира возачот на Golf 7.
Третите се таканаречените гуми со крампони, Nokian Hakkapeliitta 9 со кои истиот Golf e неприкосновен и храбро граби по површината. Времето по круг е намалено на 1: 05,6 минути. Според возачот чувство при возење со нив е како возење на WRC автомобил.
Во прилог линк до прилогот на Tyre Reviews.