Ранг листа на 137 земји со најдобра патна инфраструктура
Светскиот економски форум ја испитал состојбата на патната инфраструктура во 137 различни земји во светот и врз основа на тоа составил ранг листа
Обединетите Арапски Емирати се на првото место, а потоа следува Сингапур на втората и Швајцарија на третата позиција.
Хрватска e рангирана на 19-то место пред Словенија која е на 51-то место . Албанија е 57, Унгарија 62, Словачка и Чешка, 73 и 74, како и Црна Гора и Бугарија на 88 и 93 соодветно. Тука се и Босна и Херцеговина, а по неа следат Романија на 120-то место, а потоа Молдавија, како и Украина на 130-то место.
Што се однесува до Европа, одличен пласман обезбедиле Холандија на петтото место, како и Франција, Португалија и Австрија на седмата, осмата односно деветтата позиција. Граѓаните на Данска и Германија исто така можат да бидат задоволни, додека Шпанија е некаде е на златна средина.
На последните места сe земји со најранливи економии, односно земји како Мавританија, Демократска Република Конго, Мадагаскар и Гвинеја.