Дали SEAT станува Cupra?
Брендот Cupra, кој го создаде SEAT и релативно скоро го издвои како посебна под-марка, би можел да стане име на целата шпанска компанија
Според Autocar, во 2025 година SEAT би можел да започне ребрендирачка кампања во која целосно би го сменил своето име.
Главната причина е целта на шпанската компанија, односно централата во групата Volkswagen, да стане повеќе премиум бренд отколку производител на достапни модели.
Поради ова, Cupra е издвоен како посебен под-бренд што прави спортски верзии на автомобилите на SEAT.
SEAT е основан во 1950 година, а во 1985 година го основа сопственото одделение за спортски модели со високи перформанси, брендирани со ознаката Cupra.
Минатата година, SEAT го оддели брендот Cupra како независна филијала во рамките на компанијата.