Еве зошто не треба да се штеди при купување на зимски гуми
Зимските гуми се законска обврска долги години, меѓутоа, како што се приближува 15 ноември, датумот поставен за замена на гуми, многу возачи се обидуваат да најдат начин да ја одложат оваа обврска барем некое време
Настрана казните, полошо од тоа е безбедноста и на возачите кои возат на несоодветни гуми и на другите учесници во сообраќајот.
Имено, најмалку една од четири сообраќајни незгоди, со помали или сериозни повреди, за време на есента и зимата, се предизвикани од лизгави и ледени патишта. Несоодветната зимска опрема е исто така причина.
Тестовите покажале дека растојанието за сопирање на автомобилот со длабочина на шарата од 3 mm е околу 10 m подолго отколку кога на возилото се наоѓаат нови гуми со длабочина од околу 8 mm. Возењето на летни гуми е многу ризично во студени услови, бидејќи растојанието за сопирање ќе биде двојно поголемо отколку со зимски гуми.
Овие информации се добра причина да купите нови зимски гуми, а ова се советите како да направите квалитетен избор.
Препораката на експертите од Continental e, за поголема безбедност, да се постават зимски гуми на сите четири тркала, што ќе овозможи максималнa управливост и ќе го намали ризикот од лизгање и на предната и на задната оска.
Она што ги карактеризира повеќето зимски гуми е дека тие имаат уникатни перформанси што го намалуваат ризикот од снег, мраз и ниски температури на патот, додека на возачот му овозможуваат подобра контрола зад воланот.
Сепак, не сите зимски гуми се исти. Важни се три ставки кои прават значајна разлика, а тоа се економичноста, безбедноста и бучавата што ги произведуваат.
Купувањето на квалитетни зимски гуми, или премиум гуми, може да се смета како добра инвестиција, велат од Continental.
Покрај тоа што овозможуваат безбедно возење кое нема цена, овие гуми ќе заштедат на потрошувачката на долг рок, и благодарение на подобриот состав на газниот слој, ќе ги задржат своите перформанси подолго време.
Звукот создаден при тркалање ќе биде значително потивок отколку во поевтините варијанти. Новите технологии имаат развиено модели кои го намалуваат надворешниот шум до 9 dB. Внатрешниот шум зависи од видот на возилото, брзината и патот на кој се патува.
Сите All Season гуми ја губат битката во ова натпреварување поради големиот температурен опсег, од летните 40 до зимскиот минус, ќе се истроша многу побрзо и ќе ги изгубат перформансите. Овие гуми ниту по квалитет неможе да им парираат на врвните зимски гуми.
На самиот крај, се поевтините, поточно буџетски гуми, кои, иако носат заштеда во кеш, сепак на долгорочен план се, неисплатливи. Тие ќе се истрошат многу побрзо и ќе ги загубат своите својства и флексибилноста. Од друга страна, поверојатно е дека нема да биде доволно сигурни доколку автомобилот се најде во посилна зима, кога температурата е многу под нулата, а патиштата се ледени.
Заклучокот е следен – ако веќе имате можност за премиум зимска гума, она што го добивате е одлични перформанси на снег за големо задоволство при возење, прецизно управување со многу ниско ниво на отпор, а тоа ја намалува потрошувачката на гориво и перформансите на сопирачките за максимум безбедност, што е непроценливо на крајот.