Новата Škoda Octavia ќе дебитира на 11-ти ноември
Во релативно краток временски период, групата Volkswagen планира премиерно да претстави четири многу важни модели во сегментот на компактни автомобили.
Покрај Volkswagen Golf 8, кој беше најавен за октомври, германската групација наскоро ќе ги претстави и новите Audi A3, Seat Leon и Škoda Octavia – сите четири автомобили ја делат истата механичка платформа MQB. Сите овие модели се наоѓаат на пазарот скоро 7 години, па време е за промена на генерацијата.
Во медиумите секако најмногу внимание се посветува на Golf 8, кој е столб на продажбаѕа на VW групата во Европа, но најважен за Škoda е нивниот најпродаван модел – Octavia. Според веб-страницата Motor 1, чешкиот производител на 11-ти ноември и официјално ќе ја претстави 4-та генерација на Octavia.
Како и другите брендови во групата (Audi, Seat и VW), Škoda одлучи својот компактен модел да не го претстави на неодамна завршениот саем за автомобили во Франкфурт. Наместо тоа, во чешката престолнина е предвидена посебна церемонија, со која ќе се одбележи 60-годишнината од воведувањето на името Octavia во гамата на Škoda.
Имено, оригиналната Octavia е претставена во 1959 година во тогашната комунистичка Чехословачка, а производството и трае се до 1971 година.
Модерната Octavia е лансирана во 1996 година, кога Škoda се решаваат да ја оживеат оваа ознака.
Што се однесува до новата, 4-та генерација на овој автомобил, тој треба да биде малку полуксузен, поголем, и затоа поскап од сегашниот модел, со оглед дека во меѓу време компанијата на пазарот лансираше сосема нов компактен модел – Scala.
Екстериернo дизајнoт ќе биде еволуција на сегашниот, а шпекулативните рендери се појавија уште пред неколку месеци за да покажат како би можела да да изгледа Octavia 4. Некои надворешни елементи ќе бидат земени од Superb, a други од Scala, но новата Octavia сигурно ќе се вклопи во сегашниот корпоративен дизајн на компанијата.
Кога станува збор за моторизацијата, се очекуваат 1.5 и 2.0 TSI бензински мотори, 2.0 TDI дизел, таканаречен „благ“ хибрид, како и plug-in-хибриден погон.
Повеќе детали за новата Škoda Octavia се очекуваат во наредните недели.