Неверојатна глетка: два удари на гром во автомобил
Ова дефинитивно не се гледа често
Дефинитивно ситуација во која гром удира во автомобил не е вообичаена појава. Како и да е, приказната дека гром никогаш не удира двапати на исто место е очигледно мит, а оваа снимка од Новосибирск, Русија го потврдува тоа.
Ова SUV возило на Toyota вози полека во колона и наеднаш во него двапати удира гром. Според достапните информации, повредени нема, иако ова веројатно не важи за возилото. Имено, според американскиот NHTSA, ударите на гром редовно ги горат електричните инсталации, а можни се и други штети.
При удар на гром, автомобилот се однесува како Фарадеј кафез во движење, а громот ја погодува површината на металното тело и завршува во земјата. Во таков случај, се советува возачот веднаш да го запре автомобилот и да го исклучи моторот и да не допира метални површини во автомобилот барем некое време. Како и да е, автомобилот сепак е едно од побезбедните места за време на невреме.