Ремек дело на Audi: RS7 е автомобил што никого не остава рамнодушен / ФОТО+ВИДЕО
Изгледа динамичен како вистинско купе, практичен како компакт, со удобност на седан. Згора на се е фантастично брз
Се придвижува со познатиот 4.0 Т8 twin turbo со 600 КС и 800 Nm во форма на благ хибрид. Реално, сè е исто како и кај RS6 Avant, но изгледа подобро. Забрзува како најдобрите суперспортски модели. До 100 km/h стигнува за 3,6 секунди, а со пакетот Dynamic стигнува до максимални 305 km/h. Ако некого воопшто го интересира, Audi гарантира рекуперација до 12 kW преку 48V системот, a батериите ќе се полнат до 160 km/h.
Моделот е „паметен“ и по потреба ги деактивира цилиндрите, а со помош на quattro погонот, напред испраќа до 70% моќност, односно до 85% назад. Кога возите со преку 120 km/h автомобилот се спушта за 10 mm и го крева спојлерот. Ќе се подигне и ако возачот го сака тоа, до максимум 20 mm.
Керамичките сопирачки со сигурност го „закопуваат“ во место овој лесен автомобил. Дисковите напред се со дијаметар од 440 mm.
Задниот крај од автомобилот изгледа уште подобро. Не поради LED диодите и 535 литри багажен простор, туку поради фактот дека овде се вградени најголемите издувни цевки кои Audi досега некогаш ги има вклопено како сериски.