Најнова студија покажува дека многу возачи не се воодушевени од електронските системи за помош, кои сè повеќе се присутни кај современите автомобили

Системите за помош на возачот се дизајнирани да го направат возењето побезбедно и поудобно, но многу сопственици на автомобили или не ги користат или деактивираат дел од нив, се вели во студијата спроведена од страна на J.D. Power во САД.

Студијата опфатила 20.000 сопственици на нови модели на автомобили во таа земја и ги анализирала нивните искуства во користењето на 38 технологии за помош на возачот во првите 90 дена по купувањето на автомобилот. Многу од анкетираните се пожалиле на системот за одржување на возилото во рамките на коловозната лента, како и на системот за одржување на автомобилот во средина на коловозната лента.

23% сметаат дека овие системи се „досадни и иритирачки“ при возење, а двајца од тројца возачи кои се изјасниле на овој начин велат дека ги деактивирале овие системи во своите автомобили. Интересно, дури 21% од оние кои не ги нервираат овие технологии, сепак, ги деактивираале и воопшто не ги користат.

Сепак, како што е наведено, резултатите од студијата значително се разликуваат од бренд до бренд. Имено, некои производители се поуспешни во спроведувањето на овие технологии, така што возачите на автомобилите на одредени марки се посклони да ги користат овие системи за помош отколку сопствениците на возила од други брендови.