BMW на престојниот автомобилски салон во Франкфурт (12-22 септември) ќе го изложи новиот X6 офарбан во „најцрната нијанса на црна во светот“

Бојата која го носи називот Vantablack е креирана вокомпанијата Surrey NanoSystems уште во 2014 година, а производителот тврди дека апсорбира дури 99.965% од светлината што ја добива, па затоа предметите офарбани со неа на човечкото око му изгледаат како дводимензионални.

BMW X6 е покриен со премаз од јаглеродни наноцевки кои се толку ситни што ги има околу една милијарда на квадратен сантиметар површина од возилото.

За овој уникатно обоен BMW X6 е користена варијантата VBX2 од бојата Vantablack, која првенствено е развиена за научни и архитектонски цели, а ова е прв пат да се примени на еден автомобил.

Верзијата VBX2, за разлика од оригиналната боја Vantablack, сепак дозволува 1% од светлината да се рефлектира, така што оној што гледа може да го насети обликот на автомобилот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1zpDYray45BsE0B5yIjL7bC8YbanrtHNY” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]