Со потврдата дека ГН на Шпанија останува во Formula 1, многу е веројатно дека следната година ќе има 22 трки

Според германскиот Auto Motor und Sport, ГН на Австралија и следната сезона ќе биде првата станица на новиот шампионат, кој треба да започне на 15 март. Една недела подоцна се оди во Бахреин, за да потоа се возил првата трка за ГН на Виетнам.

Домашната трка за Верстапен во Холандија е закажана за почетокот на мај, а потоа би треба да се вратиме на патеката Каталуња. За крај на првиот дел од шампионатот резервирана трката за ГН на Унгарија, а како што за сега стојат работите следната сезона нема да имаме трка за за ГН на Германија. Како и досега, со трката во Абу Даби треба да се спушти завесата на шампионатот.