Tesla започнува со освојување и на источна Европа
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla продолжува да ја проширува својата продажна мрежа во Европа
Автомобилите Tesla сега можат да се купат и во четири земји од блиското соседство – Полска, Унгарија, Романија и Словенија.
Ова значи дека државјаните на овие четири земји можат да нарачаат Model 3, Model S или Model X преку интернет, а првите испораки може да се очекуваат до почетокот на 2020 година.
Почетна цена за Model 3 е 39.500 евра за верзијата со преден погон и стандардната автономија, додека верзијата со два-електромотори и погон на сите тркала чини 48.200, односно 53.000 евра кога станува збор за најмоќната изведба Performance.
Model S може да се купи за 78.580 или 86.580 евра, додека за кросоверот Model X се потребни 90.480 евра.
Словенија инаку дава субвенции за набавка на електрични автомобили во износ од 7.500 евра.
Со стартот на продажбата во овие земји, не значи дека пристигнува и сервисната услуга. Најблиските градови каде што Словенците, на пример, во случај на потреба ќе можат да го сервисираат своето Tesla возило се Грац и Салцбург во Австрија, односно во Падова, Италија, а наскоро и во Будимпешта.
Where will Model 3 show up next?
— Tesla (@Tesla) August 23, 2019