Три и пол години по лансирањето на третата генерација, предводникот во гамата на чешкиот бренд е сеопфатно модернизиран

 

 

Она што е поинтересно и поважно е дека врвниот модел на Škoda за прв пат е достапен во Scout верзија, а до крајот на годината ќе биде достапен и во хибридна Superb iV верзија. 

Предните LED светла со матрица и уште поширокиот спектар на иновативни системи за помош, го прават Superb еден од најбезбедните и најудобните автомобили во својот сегмент, а во однос на просторноста, како што велат од компанијата, моделот претставува репер за автомобилите во својот сегмент.

Дополнително се унапредени Superb и Superb Combi со нови технологии и уште пософистициран ентериер. Во пролетта 2019 година, третата генерација na Superb, која беше претставена во 2015 година, ја надмина бројката од 500.000 произведени единици. Superb Combi учествува со околу 54% во европската продажба на Superb.

Целосните LED Matrix светла за прв пат се достапни во понудата кај Superb. Опционалните LED задни светла сега вклучуваат и динамични индикатори. Новите системи за помош, како што се адаптивниот темпомат и системот за странична помош – кој работи на оддалеченост од 70 метри – го зголемуваат високото ниво на безбедност на семејството Superb уште повеќе. Помошта при итни случаеви, системот за следење на коловозната лента и Front Assist системот за итно сопирање со предвидлива заштита на пешаците, исто така, се нови технологии во понудата.

Освежениот Superb е веќе достапен за купувачите во Македонија, а за повеќе информации и цените можете да се обратите кај генералниот дистрибутер за брендот Šкода за Македонија, Порше Македонија или на веб страницата www.skoda.com.mk.